Објавен конкурсот за Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар

Од:

Здружението за култура и заеднички вредности „Слово 21“, организатори на фестивалот Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ го објави конкурсот преку кој ќе се избираат најдобрите поетски творби за овогодинешното издание на манифестацијата. Темата и формата на песните се слободни.

– Пристигнатите песни ќе ги оценува стручна комисија, која освен избор на наградени, ќе направи и селекција на автори што ќе бидат застапени во заедничка збирка. Ги покануваме сите афирмирани поети, како и младите талентирани поетски пера да се пријават. Најдобрите ќе настапат на поетското читање во Гостивар и ќе се борат за фестивалските награди, кои се состојат од статуетки и книги“, велат од Здружението за култура и заеднички вредности „Слово 21“,

На годинешното издание на фестивалот, шесто по ред право на учество имаат поетите од Македонија и од балканските земји, и тоа во две возрасни категории, до 18 години и над 18 години. На конкурсот учествуваат со испраќање три необјавени песни, не подолги од 32 реда, напишани на мајчин јазик. Учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик, творбите треба да ги доставуваат со препев на македонски или на англиски јазик.

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар се организира во чест на 24-ти Мај, Денот на св.Кирил и Методиј. Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура.

Творбите се испраќаат на електронската адреса на фестивалот: [email protected]., заедно со лични податоци за авторот. Крајниот рок за пријавување е 11 април.

Би можело да ве интересира

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

Автопатот Тетово-Гостивар долг 17,5 километри ќе биде готов за две и пол години

Горан Наумовски

Влен: Започнува изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, стратешка инвестиција во служба на граѓаните

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар

Тригодишно дете ќе се загушело од гумена бонбона, без свест донесено во болница во Гостивар

Катерина Ѓуровски