Обезбедени заштитно-конзерваторски услови за санација на старото училиште во Љубојно

Од:

Заврши процесот на обезбедување заштитно – конзерваторските услови од страна на националната установа „Завод и музеј“ – Битола и Управата за заштита на културно наследство од Скопје за отпочнување на процесот на санација, конзервација и реставрација на старото училиште во селото Љубојно.

По обезбедувањето на условите, кои ги пропишуваат дозволените и неопходни активности за интервенции врз објектот, Општина Ресен денеска информира дека ќе се пристапи кон изготвување на неопходниот конзерваторски проект.

-Зимскиот период ќе биде искористен за изготвување на проектната документација, што ќе ни овозможи во текот на следната година да се пристапи кон практични активности на непосредна санација, конзервација и реставрација на овој исклучително значаен објект, не само за Преспа, туку и за целата држава, истакна градоначалникот Живко Гошаревски.

Процесот, според него, бил долготраен и барал разрешување и надминување на претходно затекнати состојби, но, како што нагласи, со упорност и залагање, се поблиску се до реализација на финалниот проект.

– Иако овој процес беше долготраен и бараше разрешување и надминување на неколку претходно затекнати состојби, сепак со упорност и залагање, денес сме чекор поблиску до остварување на сонот, особено на жителите на селото Љубојно, но и нашиот сон за обновување на објектот на старото училиште „Димитар Влахов“, кое е прво во Преспа, а второ во државата, каде почнала да се одвива наставата на македонски јазик, по завршувањето на Втората светска војна. Ова училиште, всушност е симбол на македонскиот јазик, литература и култура, но и симбол на важноста на Преспа не само во македонски, туку и европски рамки, посочи Гошаревски.

Би можело да ве интересира

Заврши конзервацијата на турската бања во Дојран

Ана Ололовска

Почнува втората фаза на конзерваторските работи во црквата „Пресвета Богородица“ во Лешочкиот манастир

Жарко Настоски