Почнува втората фаза на конзерваторските работи во црквата „Пресвета Богородица“ во Лешочкиот манастир

Од:

Започнаа да се спроведуваат активности од втората фаза за заштитно-конзерваторските работи за ревитализација црквата Пресвета Богородица од 14 век што се во рамки на манастискиот комплекс Свети Атанасиј во тетовски Лешок, јавува МИА.

Почетокот на работите беа повод во посета на црквата да отидат Мемет Селмани, директор на Националниот конзерваторски центар и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи помеѓу верските заедници заедно со митрополитот г. Јосиф.

– Во оваа фаза ќе се интервенира на покривот и ѕидовите, а ќе се изолираат и подземните води кои предизвикуваат големи оштетувања на црквата Пресвета Богородица. Од денеска со овие активности започна да работи фирмата изведувач на конзерваторски работи на црквата Пресвета Богородица во Лешочкиот манастир. За конакот втората фаза е предвидено да се поставуваат нови бетонски плочи и ѕидови, соопштија од манастирот.

Првата фаза од ревитализацијата на конакот и црквата започнаа во јануари со отстранување на стариот и дотраен градежен материјал. Во црквата Пресвета Богородица во иднина ќе се работи и на реставрација на фрескоживописот. Работите се изведуваат во рамки на реализација на годишната програма на Националниот Конзерваторски Центар. ас/цр

Би можело да ве интересира

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски

Ограбен е манастирот „Св.Јован Крстител“ во скопското село Љубанци

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

На дело е фатен арамијата кој ја ограби црквата „Св.Архангел Гаврил“ во Гази Баба

(ВИДЕО) Г. Јаков: Имаме должност да ги заштитме децата и семејството

А1он