Обемен избор од поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски преведен на бугарски јазик

Од:

„Последните ракописи“ е насловот на последното авторско издание на охридскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски објавено на бугарски јазик. Станува збор за пресек на досегашните поетски објави на Ѓорѓо, во избор и препев на Роман Кисјов, потврден препејувач на македонската поезија на бугарски јазик.

Кисјов, кој има објавено над десетина поетски преводи од македонската поезија, меѓу кои на Ацо Шопов, Анте Поповски, Матеја Матевски, Радован Павловски, Влада Урошевиќ, Ренџов, Клетников, за Славе Ѓорѓо Димоски во предговорот на книгата за Димоски вели дека е еден од најсјајните и оригинални современи македонски поети.

133064597

– Неговата поезија е длабока, метафизичка, медитативна, енигматична, драматична, провокативна, изненадувачка…Тој автентичен поет го утврдува чудото на Поезијата и чудото на Животот во неговата целост. За него поетскиот јазик не е само средство, инструмент, туку и одделно духовно битие, со свои закони со свое (друго) време и пространство…, вели тој.

Преведувачот одбраните песни ги групирал во седум кругови (Тајно тело, Во здивот, Пастраст, Предмети и аргументи, Блиска втска, Височина и Последните ракописи) за да се добие повпечатлив увид во неговиот поетски развој.

Во „Последните ракописи“ влкучено е најдоброто и најкаректеристичното од поезијата на Димоски, неговата поезија од различни книги и етапи во творештвото и го претставува максимално целосно, акцентирајќи го многуобразието како на темите, идеите, посланијата и состојбите, така и на неговите барања и експериментирања врз формата на стихот и нестандардниот, оригинален поетски јазик.

По „Зборови и вода“ објавена во 2008 година, оваа е втора книга на Димоски објавена на бугарски јазик, петнаесетта поетска книга објавена на еден од светските јазици, а поединечни песни и поетски циклуси му се преведени на триесетина јазици. Идниот месец познатата издавачка куќа „Архипелаг“ од Белград ќе ја објави неговата најнова книга „Јазичен триптихон“ наградена со годинашната награда „Ацо Шопов“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска