НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележува 74-годишен јубилеј

Од:

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска ќе одбележи 74 години од своето постоење и ќе го чествува патрониот празник.

Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе пред споменикот на свети Климент Охридски во дворот на библиотеката. Ќе бидат доделени традиционалните награди на вработените и наградата „Библиотека на годината“.

Присутните на пладне ќе можат да го погледнат театарскиот перформанс „Емоции“ во режија и кореографија на Кренаре Невзати – Кери и Дејан Лилиќ во главната улога. Перформансот е своевиден омаж за ликот и делото на Блаже Конески, кој починал пред 25 години на истиот ден кога НУБ „Св. Климент Охридски“ го одбележува патрониот празник.

Би можело да ве интересира

Промовирана книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“

А1он

Раритетни книги и печатарски машини во Музејот на Битолската библиотека

А1он

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

„Соба на бајките“ – Зоран Спасов Ѕоф и „Арс Ламина“ донираа библиотека во Детската клиника – Скопје

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска