НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе го одбележи Светскиот ден на книгата

Од:

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во пресрет на Светскиот ден на книгата и авторското право 23 Април, денеска ќе одбележи 1100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски и 400 години од смртта на светските автори Мигуел де Сервантес и Вилијам Шекспир.

Ќе се обратат директорот на Библиотеката Иван К. Заров и генералниот секретар на Националната комисија за УНЕСКО Лидија Топузовска.

Светскиот ден на книгата се одбележува на 23 април – датумот на кој во 1616 година починале двајцата великани на светската книжевност Сервантес и Шекспир.

Вилијам Шекспир

По повод Светскиот ден на книгата, ќе биде прочитана пораката на генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова и македонската порака која ја напиша драмскиот писател и режисер Љубиша Георгиевски. На настанот ќе се обратат и амбасадорите на Шпанија и на Велика Британија, Рамон Абароа Каранса и Чарлс Едмунд Гарет.

Ќе има и „Служба за Свети Климент Охридски” во изведба на Љупчо Тодоровски-Упа, читање извадоци од делата на Шекспир и Сервантес, со учество на студентите од Катедрата за англиски јазик и книжевност и Групата за шпански јазик и книжевност (Катедра за романска филологија) на Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Мигуел де Сервантес

Во Центарот за конференции и студии во НУБ предавање на тема  „Политиката и владеењето во животот и делото на Мигуел Сервантес“ ќе одржи д-р Карлос Флорес Хубериас, професор по компаративно право на Универзитетот во Валенсија и почесен доктор на науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Ќе биде прикажан и анимираниот филм „Donkey Xote“, а во музичкиот дел од чествувањето ќе настапат студентите по гитара и соло-пеење од Факултетот за музичка уметност

Како и во минатите години, НУБ по повод Светскиот ден на книгата и авторското право ќе  подари книга и роза, според каталонскиот обичај.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска