НУ Центар за култура-Битола подготвени за ИФФК „Браќа Манаки“

Од:

Националната установа Центар за култура-Битола подготвено го дочекува почетокот на 35. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Во пресрет на свеченото отворање закажано за утревечер, НУ Центар за култура-Битола како соорганизатор на фестивалот веќе ги заврши неопходните подготовки и на располагање ги става сите потребни материјални и човечки ресурси, посочи Борче Димитровски директор на таа установа.

-Целосно сме подготвени за прием на сите директни и индиректни учесници на фестивалот. Од утре па се до 19 септември на располагање е нашата цела техничка и друга логистичка поддршка. За публиката, за гостите од државата и странство на располагање е големата сала со 847 седишта, малата сала со 107 седишта, изложбените салони, лоби просторот за комуникации и друга современа поддршка, истакна Димитровски.

Според Борче Димитровски, годинешниот фестивал ќе придонесе да се зголеми годинешната рекордна посетеност и гледаност на кино претставите во НУ Центар за култура-Битола.

-Новата фестивалска кино опрема што ја промовиравме на минатогодишното 34-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ни овозможи да ја користиме 365 дена, а не само за време на фестивалот. Воспоставивме редовен кино репертоар кој за жал во минатото мируваше една цела деценија, и за само 10 месеци регистриравме кино публика која ја надмина бројката од 30.000 гледачи. Нашите сознанија, поткрепени со податоците од  Државниот завод за статистика, потврдуваат дека по 1992 година, во оваа 2014 година ќе регистрираме рекордна посетеност и гледаност на кино претставите во Битола, нагласи Димитровски.

Би можело да ве интересира

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола