Мандолинскиот оркестар „Скопје“ вечер во Домот на АРМ ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт. Концертот ќе го диригираат Рамадан и Ерхан Шукри.
Како солисти на концертот ќе настапат тенорите Ѓорѓи Цуцковски и Александар Тарабунов, сопраните Серафина Фантаузо и Јаворка Витанова, вокалите Елена Стефковска и Глигор Поповски и Лазар Сандев-мандолина.
На програмата се дела од Верди, Корели, Чајковски, Доницети, Мандонико, Лехар, Штраус, Минкус, Димитров…
Концертот е со почеток во 20 часот, а влезот е бесплатен.