Новогодишен концерт на камерниот оркестар на Битола

Од:

Камерниот оркестар на Битола кој работи под покровителство на НУ Центар за култура, вечер на матичната сцена ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт.

На програмата се дела од Шостакович, Штраус, Брамс и други светски познати композитори, солист е Игор Дурловски, а концертот ќе се одвива под палката на диригентот Иван Кожухаров од Бугарија.

– Камерниот оркестар на Битола годинава имаше исклучителни концерти, а вечерашниот е четврт по ред во оваа календарска година. Поддршката за овој проект е комбинирана, односно таа доаѓа од Министерство за култура, општина Битола и нашата национална установа. Веднаш по завршувањето на вечерашниот концерт, камерниот оркестар на Битола ќе ги почне подготовките за првиот концерт во 2015-та, информираше Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола