„Новогодишен концерт“ на Бафтиари, Мехмеди и Толај во Софија

Од:

Во КИЦ на РСМ во Софија денеска ќе се одржи „Новогодишен концерт“ на Шкељзен Бафтиари (пијано), Бесиана Мехмеди (мецосопран) и Шкодран Толај (тенор). На програмата на концертот се познати композиции од класичната музика.

Бафтиари учествувал на многу концерти во Северна Македонија и други земји. Наградуван е на многу меѓународни натпревари (Благоевград и Пловдив – Бугарија, Рим и Торино – Италија, Париз – Франција) и натпревари одржани во Северна Македонија (Струга). Свои рецитали има изнесено во Скопје, Охрид, Приштина, Тирана, Софија, Белград и има учества како солист со Македонската филхармонија, Лондонската градска филхармонија, Косовскиот филхармониски оркестар, Албанскиот RTSH оркестар, како и со Симфонискиот оркестар на Факултетот за музички уметности во Скопје.

Името на Бесиана Мехмеди се вбројува меѓу најпознатите албански пејачи. Таа е позната и како професор по музика, публицист, радио репортер и медиумски презентер. Добитник е на бројни музички награди и е вклучена во репродуцирањето и интерпретацијата на некои од албанските фолк хитови. Таа има многубројни изведби во областа на класичната музика. Неодамна изнесе неколку соло изведби, вклучително „Stabat Mater” во Скопје и Тетово, концерт со албански музички композиции во Тетово, концерт со европски класични музички композиции во Гостивар, учествуваше меѓу главните исполнители на уметничкиот перформанс „Skenderbeu” во Приштина. Таа активно учествува на различни фестивали, концерти и ТВ програми во Косово, Северна Македонија, Албанија и други држави од регионот.

Толај е тенор кој освен големите светски оперски улоги ги има претставено со голем успех и модерните дела. Има соработувано со филхармонијата „Орсо“ од Германија, каде ја има реализирано улогата Баринкај во оперетата Zigeunerbaron на Ј. Штраус. Тој е опишан од германските весници како голем и редок вокал кој воодушевува со неговиот глас дојден од една мала европска земја (Косово).Има настапувано и во француските и швајцарските сцени каде бил опишан како многудимензионален тенор кој се усогласува со сите музички композициски и вокални карактери. Има повеќе од година како го дава својот придонес во уметничкиот живот во Албанија, Косово и Македонија.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска