Ново издание на „Светилка за Ханука“ од Томислав Османли

Од:

Издавачката куќа „Икона“ објави второ издание на збирката раскази и новели „Светилка за Ханука“ на Томислав Османли, по повод 70 години од депортацијата на македонските Евреи и во сеќавање на жртвите на холокаустот во Европа.

– Книгата содржи драматични повести, сугестивни ликови, и бројни теми од животот, но и на страдањето на Евреите како од Македонија, така и од различни места во поширокиот регион. „Светилка за Ханука“ вклучува девет прозни целини од различка големина, слично на обредната светилка која се користи за Ханука, еврејскиот празник на светилината, информира издавачот.

За оваа книга Османли ја доби наградата „Прозни мајстори“. Претходно, една од клучните прози на книгата, „Фотографијата на тетка Рашела“, ја доби првата награда на престижниот конкурс за расказ на МАНУ и на Фондацијата „11 март 1943“.

Меѓу релевантните признанија на оваа книга се и големиот број објави на нејзините раскази и новели во голем број меѓународни списанија. Книгата, расказ по расказ,  беше објавувана на англиски јазик, и до крајот на годинава ќе биде целосно објавена во светското сефардско списание „Лос муестрос”.

Првото издание, како двојазична објава на текстовите на македонски и на англиски јазик,  во превод на проф. Пеги Рид и Љубица Арсовска, го објави книгоиздателството „Форум“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска