Докторот Сандре се вбројува меѓу првите македонски доктори – специјалисти. За него и неговата животна судбина пишува Ристо Лазаров, кому, како што е познато, последниве години настаните во Чешка и со Македонците во Чешка му станаа „потесна специјалност“.
Оваа книга насловена „Доктор Сандре во Прага“ излезе во издание на ВиГ Зеница, а пак „Везилка2011“ истовремено го објави и преводот на романот „Платонов – хроника на еден подрум“, дело на белградскиот писател Александар Новачиќ, кој на нашата книжевна јавност и е познат по биографските романи за Чехов, Булгаков и Ерофееб.
Инаку, трагичната судбина на струшкиот доктор Александар – Сандре Калајџиевски, се протега во отсечка од само 38 години. Роден во предилинденскиот период, во предилинденските и илинденски жртви останува сирак – татко му е обесен од турскиот аскер – а умира во предхитлеровскиот период, во Прага, совладан од опаката туберкулоза.
Во меѓувреме, посвоен, официјално, од чичко му Jонче, кој дваесетите години ќе замине на печалба во Америка и така ќе смогне да го исшколува неговиот Сандре: прво во битолската Гимназија, па на Маедицинскиот факултет во Софија, од каде што заминува во Прага и специјализира гинекологија.