Нови 6 автори доаѓаат во Скопје на програмата „Апсолутно модерен“

Од:

Од први април во Скопје ќе престојува словенечката писателка Станка Храстељ, прва од новите шест автори за 2016 година во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа.

– Тоа ќе биде шанса за македонската јавност подобро да се запознае со една од најдобрите авторки од средната генерација, чија збирка поезија „Господине, имаме нешто за вас!“ беше издадена од македонскиот издавач Кликер книги во 2012 година. Нејзиниот роман „Како на филм“ го преведува Дарко Спасов, еден од нашите најдобри млади преведувачи од словенечки јазик, велат организаторите од Готен.

Меѓународното жири ги избра новите шест автори кои што годинава ќе престојуваат во Скопје, меѓу четириесетте пријавени од земјите на Југоисточна Европа. Тоа се легендарниот поет Звонко Карановиќ, долги години организатор на белградскиот културен живот и радио водител, добитник на наградите Лаза Костиќ и Петар Кочиќ. Во изборот се уште тројца прозаисти од средната генерација, еден од најдобрите млади хрватски прозаисти и граѓански активист, Горан Ферчец, бугарскиот писател Петар Денчев и Бојан Бабиќ од Србија. Меѓу преведувачите, жирито ја избра загрепската преведувачка на македонска поезија, Маја Мастнак Цар.

Секој од авторите ќе престојува во Скопје по еден месец во текот на оваа година запознавајќи се со книжевната, интелектуалната и културната сцена во Скопје продлабочувајчи ги своите контакти и развивајќи ја соработката со македонската книжевност и култура. Авторите во Скопје ќе работат на своите дела или преводи, ќе посетуваат културни настани, организации и институции, а преку јавни настани ќе и бидат претставени во Скопје и во други градови од земјата.

За Станка Храстељ

Станка Храстељ има нанижано неколку значајни словенечки награди. Во 2001 година беше прогласена за најдобар млад поет на Фестивалот Уршка. Во 2007 година ја доби наградата за најдобра дебитантска книга. Во 2009 година влезе во финалето за Книга на годината на Друштвото на писатели на Словенија, а нејзиниот дебитански роман, Како на филм ја освои наградата Роман на годината.

Освен со пишување, превод и критика, Станка Храстељ се занимава и со современ дизајн на керамика. Во Скопје Храстељ ќе работи на својот нов роман, Првата дама, историска фикција инспирирана од библиската приказна за Кралот Давид и неговата супруга Бетшеба. Од првите назнаки на авторката, тоа ќе биде женско писмо концентрирано на чувството на вина на кралицата поради нејзиниот мртов сопруг.

Книжевниот интерес на Храстељ се недоволно истражените аспекти на човечката психа и општествените табуа: болестите, самоубиствата, абортусот, старечката деменција. Таа смета дека книжевното отворање на овие теми ќе придонесе за подобро разбирање и прифаќање од општеството. Стилот на пишувањње на Храстељ е необичен и модерен. Таа пишува кратки, фрагментарни поглавја, инспирирана од денешната модерна комуникациска технологија (смс пораки, фејсбук постови, твит пораки).

Резиденцијалната програма за книжевници е под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на мрежата Традуки и градот Скопје.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска