Нова збирка книжевни критики и есеи „Заветни поуки“ од Васил Тоциновски

Од:

Деновиве во издание на „Академски печат“ од Скопје беше издадена збирката книжевни критики и есеи „Заветни поуки“ од проф. д-р Васил Тоциновски.

Книгата содржи 70-на книжевни осврти, обраќања и говори кон поетски и прозни остварувања од македонски и балкански автори од повеќе генерации: Стефан Марковски, Горјан Петревски, Тамара Арсовска, Вера Стојчевска Антиќ, Славчо Ковилоски, Милован Стефановски, Христо Петрески, Васил Мукаетов, Павлина Климкар-Меанџиева, Зоран Пејковски, Славомир Маринковиќ, Сања Гракалиќ Пленковиќ и други.

Најголемиот дел од освртите присутни во збирката се објавени во книжевната периодика во периодот помеѓу 2015-та и 2019-та, а голем дел од нив претставуваат предговори и поговори.

„Заветни поуки“ е деветта книга критики и есеи од проф. д-р Васил Тоциновски.

Негова прва книга од книжевната критика е „Збор на времето“ (1993).

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска