Нова продукција на Пиреј филм

Од:

Bо центарот на населбата Ѓорче Петров почна снимањето на краткометражниот игран филм Нитамуниваму/Turbo-net, по сценарио и во режија на Надежда Панова. Филмот е македонско-швајцарска копродукција и поддржан е од Агенцијата за филм и регионалниот филмски фонд, Синефором, Женева.

Актерскот тим е таписерија на млади и искусни глумци како Катина Иванова, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Сашо Тасевски, Исидор Јовановски, Илија Волчески, Ивана Павлаковиќ, Игор Трпчевски, Петар Стојанов, Надица Дојкоска, Петар Горко и Матео Матевски, познат меѓу најмладите од серијата Зоки Поки.

Филмот ја кажува приказната за едно вообичаено македонско семејство и предизвиците со кои се соочуваат неговите членови после смртта на таткото, сопственик на првото интернет кафуле во градот: Турбо-нет. Дигитална игротека за деца и возрасни, центар на социјалниот живот на почетокот на векот.

Снимањето ќе продолжи во населбата Водно, во Скопје, а премиерата е планирана за пролет, 2023.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он