Нова поетска книга „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова Бошнакоска

Од:

Издавачката куќа „Матица македонски“ ја објави пoетската книга „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова Бошнакоска.

Од „Матица македонски“ посочуваат дека во своето најново остварување, позната поетеса прилежно пее за љубовта кон својата татковина и за процесите што се одвиваат пред наши очи и кои предизвикуваат вознемиреност кај македонскиот народ. Низ кристално јасни стихови во „Куќа во куќа“ авторката упатува силни пораки до читателите.

-Поезијата е главното орудите на поетесата во одбрана на татковината, на историјата, на културата, на творештвото пренесувано од колено на колено, а сега напишано и запишано како залог за иднината, се наведува во соопштението на издавачката куќа.

Гордана Михаилова Бошнакоска е автор на богат поетски и прозен опус, за кој е добитник на национални и меѓународни признанија и награди, меѓу кои и на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга.

Би можело да ве интересира

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид