Во издание на Издавачкиот центар ТРИ излезе од печат културното дело за деца „Шапката на Волшебникот“ од шведската авторка Туве Јансон, во превод на Ивица Челиковиќ.
-Ова е третата книга на Туве Јансон од серијата за Мумините. Таа е возбудлива приказна за едно прекрасно и чудесно лето кое семејството на Мумините никогаш нема да го заборави, велат од Издавачкиот центар ТРИ.
„Шапката на Волшебникот“ е дел од едицијата „Читаме заедно“, проект поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.