Нова книга „Прилози за историјата на социолошката методологија“ од Петре Т. Георгиевски

Од:

Во рамките на јубилејот – триесет години од основањето „Матица македонска“ ја објави книгата „Прилози за историјата на социолошката методологија“ од д-р Петре Т. Георгиевски.

-Во своето најново дело, познатиот универзитетски професор и научник ги проучува методите на истражување на класичните социолози и на нивните влијателни следбеници. Рецензенти на книгата се: проф. д-р Марија Богдановиќ, проф. д-р Марјан Незгода и проф. д-р Ило Треајковски, информираат од „Матица македонска“.

Во препорака на изданието, Марија Богдановиќ констатира дека студијата е од исклучително значење за областа на социологијата и другите дисциплини кои се занимаваат со проучување на општествени појави.

-Георгиевски прави избор на оние автори кои со својата оригиналност во проучувањето на општествените појави ги поставија теориско-методолошките основи за развој на општествено ангажирана наука која се стреми кон вистинско сознание за човекот, општеството и неговата историја, вели Богдновиќ.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска