Објавен превод на „Колибри“ – најдобар италијански роман во 2020 година

Од:

Денеска од печат излезе преводот на најдобриот италијански роман во 2020 година, како 206 издание во едицијата „ПРОаЗА“.

По издавањето на исто така романот-лауреат „Тивок хаос“ во 2016 година, кој наиде на одличен прием кај македонските читатели, ИЛИ-ИЛИ се одлучи да го издаде и актуелниот добитник на престижната италијанска книжевна награда „Стрега“, романот „Колибри“ од Сандро Веронези, во превод од италијански јазик на Анастасија Ѓурчинова.

Излегувањето на книгата е поддржано од Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија и од Министерството за култура на Р. С. Македонија.

Меѓународната сензација бр.1 од мајсторот на европската литература, Сандро Веронези – добитник на италијанската Premio Strega – е сага за едно фирентинско семејство од 1960-тите до денес. Марко Карера е јунакот во оваа семејна приказна, тој е „колибри“, човек со речиси натприродна способност да остане мирен во хаосот на светот кој постојано се менува. Како прекрасно и привлечно патување низ времето раскажано во голем број наративни стилови, „Колибри“ е приказна за страдањето, среќата, загубата, љубовта и надежта – за човекот кој го отелотворува тивкиот хероизам што го дефинира секојдневниот живот на безброј обични луѓе. Потенцирајќи ја потребата да се гледа во иднината со надеж и да се живее со интензитет до самиот крај, ремек-делото на Сандро Веронези – читливо, богато со знаења и исполнето со интересни пресврти и откритија – е портрет на човековото постоење, перипетиите и каприците кои нè поттикнуваат и на крајот нè дефинираат.

„КОЛИБРИ е мајсторски роман, брилијантно осмислен мозаик на љубов и трагедија“, е една од многуте позитивни книжевни критики за овој роман. Еве само мал дел од нив:

„Колибри е мајсторски роман, брилијантно осмислен мозаик на љубов и трагедија“ – Ијан Мекјуан
„Сè што го прави романот вреден и привлечен е тука… прекрасно – трогателно, исполнето, убаво“ – Гардијан
„Одличен роман, вибрира со живот и смрт, среќа и болка, носталгија и надеж за иднината“ – Ванити Фер

Сандро Веронези (1959) e еден од најреномираните современи италијански прозаисти. Автор е на повеќе романи и збирки раскази и добитник е на некои од најпрестижните книжевни награди во Италија и надвор од неа. Со романот Силата на минатото (2000) ги освои наградите „Кампиело“ и „Вијареџо“, за романот Тивок хаос (2005) ја доби најпознатата италијанска награда „Стрега“ 2006, како и две значајни признанија во Франција: наградата „Фемина“ и „Медитеран – странци“. Овој роман со успех беше пренесен и на филмското платно од страна на режисерот Нани Морети во 2008 година. Со најновиот роман Колибри (2019) Веронези го повтори успехот, освојувајќи ја по вторпат наградата „Стрега“ за 2020 година.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска