Нова книга на Науме Радически

Од:

Друштвото за издавачка дејност „Македоника“ од Скопје ја објави книгата „Македонски литературен потсетник“ – книга 1, на проф. д-р Науме Радически.

Првата книга од „Македонски литературен потсетник“ претставува аналитичка ретроспектива на македонската литература, почнувајќи од средината на 19 век до првата декада на 21 век. Содржи во најголемиот дел студии, а помалку есеистички и критички прилози за маркантни персонални појави, вредности и процеси во македонската литература.

На сцената на македонската литература, како поет, и на сцената на македонската литературна наука, како критичар, есеист и проучувач на македонската литература во 19 и 20 век, Науме Радически е присутен безмалку 40 години.

Радически работи на Филолошкиот факултет во Скопје. Автор е на повеќе книги, негови поетски творби, критичко-есеистички текстови и статии од литературната наука се преведувани на други јазици. Самиот тој преведува од другите јужнословенски јазици.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ