Нова едиција книги за деца со ликовите на Стела и Сани

Од:

Издавачки центар ТРИ со задоволство ја претставува новата едиција книги за деца „Стела и Сани“, ликови создадени за да им бидат најдобри другарчиња на децата со кои ќе можат да споделуваат идеи и приказни, да учат букви и многу нови нешта за светот. Овие неодоливи ликови, со кои децата имаа можност да се запознаат преку промотивното видео „Азбука“, сега добиваат две печатени изданија со кои децата од најрана возраст ќе се дружат, ќе се забавуваат и ќе учат.

Двете нови шарени сликовници, „Сани и Стела и еден чорап во боја бела“ и „Во овој балон нема место за еден слон“, се полни со бои и едукативно интерактивни теми. Двете се во издание на Паблишер, подбрендот на ТРИ, како дел од поголема едиција што носи голема свежина во продукцијата на оригинална содржина за деца. Авторка на двете сликовници е Бистра Георгиева, а илустрациите се на Катерина Николовска.

Книгите можат да се најдат во сите книжарници и во продажната мрежа на ТРИ.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска