Нов роман на Фросина Пармаковска

Од:

Деновиве излезе од печат новиот роман на Фросина Пармаковска „Сѐ уште можам нешто да сторам “ како книга бр. 226 во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа „Или-Или“.

Романот „Сѐ уште можам нешто да сторам “ е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење…Kако и во другите романи на Пармаковска, и во овој роман се доминантни психологизацијата на главнот и останатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревање на главниот лик од друга страна. Ова е роман за суштинската промена однатре, промена која настапува како резултат на силни и длабоки потреси, искрени соочувања со Себеси, долги разговори во себе низ бројни непроспиени ноќи, роман за чудесното, соништата и постојаното поместување на границата помеѓу тие два света: реалното и чудесното

Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии. Авторка е на романите: Пишувајќи ги изгубените топки, Вишнова хроника, Одбројување ( роман на годината за 2017 г.) и На враќање.

Би можело да ве интересира

ДПМ во понеделник ќе ги додели традиционалните годишни награди

Михајло Свидераки добитник на наградата за проза за романот„Синовите на Адам“

Рациново признание за Фросина Пармаковска

Објавен романот за деца „Добар ден, тато“ на хрватскиот писател Стјепан Томаш

Објавен на македонски романот „Би можела да се вика Леда“ од хрватскиот автор Марко Грегур

Конкурсот за книжевната наградата „Пегаз“ отворен до 1. септември

Катерина Ѓуровски