Нов наслов од Кундера во издание на Табернакул

Од:

Издавачкат куќа „Табернакул“ го издаде новиот роман на Милан Кундера „Празникот на безначајноста“.

-Долгоочекуваниот нов наслов на Кундера, оригинално објавен во 2014 година, го доживува своето македонско издание како еден од првите преводи во светот.

Да се фрли светлина врз најсериозните проблеми, и, истовремено, да не се изусти ниту една сериозна реченица, да се биде фасциниран од реалноста на современиот свет и, истовремено, да се избегне целиот реализам, тоа е „Празникот на безначајноста“, соопштуваат од „Табернакул“.

Преводот е на Елизабета Трпковска.

Милан Кундера е роден 1929 г. во Брно, Чешка. Студирал книжевност, естетика, филмска режија, музикологија. Учествувал во Прашката пролет, кусиот период на реформаторски оптимизам. Од 1975 живее во Париз. Поради критиката на општествените и политички прилики во родната земја, неговите дела биле забранувани во Чешка.

Денес е едно од култните имиња на современата книжевност. Во неговата библиографија се запишани: Шега, Смешни љубови, Животот е на друго место, Жак и неговиот господар, Проштален валцер, Книгата на смеата и заборавот, Неподносливата леснотија на постоењето, Бесмртност, Изневерени тестаменти, Бавност, Незнаење, Идентитет, Завеса и неговото последно дело, Празникот на безначајноста.

10581543_10205012777574348_604943401_n

А.Б.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска