Ноќен книжевен перформанс на Клуб Матица во Битола

Од:

Клубот Матица со хитот на летото „Последната пролет во Париз“ и уште 1.000 нови наслови вечерва во Битола ќе одржи ноќен книжевен перформанс.

Настанот е прв од низата кои ќе следат низ Македонија, а ќе се одржи на Широк Сокак, под балконот од куќата на Елени Каринте, инспирирани од легендата за љубовната приказна помеѓу Мустафа и Елени. Замислен е како спој на љубовната легенда од минатото со новите книжевни љубовни страници од сегашноста.

Настанот, покрај големиот избор на наслови и автори, како и цените димензионирани за сечиј вкус и џеб, ќе понуди и многубројни изненадувања и подароци.

Членовите на Клубот од Битола, а и сите заинтересирани читатели ќе имаат можност да ги добијат омилените наслови по уште пониски цени.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска