Никола Маџиров ќе учествува на поетски фестивал во Лондон

Од:

Поетот Никола Маџиров ќе чита во „Квин Елизабет хол“ во Лондон, објави лондонскиот „Саутбанк центар“. Тој е поканет да настапи на отворањето на најзначајниот поетски фестивал во Британија „Поетри Интернешнал“ основан од Тед Хјуз во 1967, а кој се одржува секоја втора година во јули.

Маџиров во салата пред околу деветстотини присутни ќе чита на македонски и на англиски јазик, заедно со Роберт Хас и Каролин Форше од САД, Ана Бландијана од Романија, Кути Ревати од Индија, Ен Мајклс од Канада и Мохамед Ел-Деб од Египет.

Маџиров пред две години настапи во „Ројал фестивал хол“, а ова е првпат македонски книжевник да настапи во „Квин Елизабет хол“.

Во рамките на фестивалот, поетски портрет на Маџиров ќе биде претставен во британското списание за преводна поезија „МПТ“ (Modern Poetry in Translation) основано од Даниел Вајсборт и Тед Хјуз во 1965 година. 

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска