Никола Маџиров ќе модерира пет вечери на еден од најзначајните европски поетски фестивали „Поесие фестивал Берлин“, кој почнува вечерва.
Тој е иницијатор на поетскиот проект ДОМ-ИЗЛЕЗ/ДОМ, кој ќе биде составен дел од Берлинскиот фестивал и кој се состои од разговори и читања со 10 меѓународно признати поети на тема „Домот на поетот меѓу напуштањето, враќањето и сеќавањата“.
Првата вечер од овој поетски серијал е утре, а гости на Никола Маџиров ќе бидат двајцата неколкукратни кандидати за Нобеловата награда за литература, Брејтен Брејтенбах од Јужноафриканската Република и Адам Загајевски од Полска. Меѓу останатите гости на Маџиров се и струшкиот венцоносец Томаж Шаламун, како и поети од Египет, Јамајка, Германија, Белорусија, САД…
Фестивалот се затвора на 14 јуни.