Македонскиот поет Никола Маџиров учествува на Меѓународниот поетски фестивал во Богота, Колумбија што се одржува од денеска до 25 мај. Маџиров учествува со автори од десетина земји, меѓу кои и годинашниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, Пачеко.
Студентите од универзитетот во Богота ќе дебатираат за книгата на Маџиров „Изреченото не прогонува“. Книгата неодамна се појави на шпански јазик и за неа веќе се појавија позитивни критики во шпанската книжевна јавност.
Маџиров допатува во Богота по двонеделните промотивни читања во Мадрид, Барселона, Билбао, Ла Коруња, Гранада, Сантиаго де Компостела, Виго и Алариз.
Во овие градови поезијата на Маџиров се читаше на македонски, шпански, галициски, баскиски и каталонски јазик. Маџиров учествуваше и на Меѓународниот поетски фестивал во Киев, што се одржа од 17 до 20 мај. Во Киев беше презентирана поезијата на Маџиров на украински јазик на настаните насловени како „Македонска стрелба“, а претходно објавена во најтиражниот украински магазин за култура и уметност „Шо“.