Никола Маџиров е селектиран за прв автор-гостин на првата албанска книжевна програма за резиденцијален престој на европски автори „Тирана помеѓу“.
Негова поезија на албански веќе се појави во списанијата „Поетека“ и „Газета Шкиптаре“, а албанската издавачка куќа „Поетека“ ја објави неговата книга „Преместен камен“ во албански превод на Милена Селими, а со поддршка на фондацијата „Традуки“.
Никола Маџиров ќе престојува во Тирана еден месец и во текот на неговиот престој ќе се одржат неколку поетски читања и средби со читателите, како дел од промоцијата на „Преместен камен“ на албански јазик.
Поезијата на Никола Маџиров е веќе преведена на триесет и пет јазици и е објавена во над четириесет земји.