„Ние, робовите од Суринам“ од Антон де Ком, холандска класика во издание на „Макавеј“

Од:

Издавачката куќа „Макавеј“ ја објави книгата „Ние, робовите од Суринам“ од Антон Де Ком, класик на холандската литература. Преводот од холандски е на Ели Пујовска и е поткрепен од Холандската фондација за литература.

Оваа книга, која беше објавена пред 88 години и која малкумина читатели ја знаеја, одеднаш се најде на првото место во првите десет најпродавани холандски книги. Станува збор за книгата „Ние робовите на Суринам“ од Суринамецот Антон де Ком (1898-1945). Обновениот интерес се должи на промената на „канонот на холандската историја“: Антон де Ком бил активен претставник на деколонизацијата на „Западот“ или холандските Кариби – Суринам и (поранешните) Холандски Антили. Тој бил инспириран од жестокото обвинение на Алберт Хелман против „рамнодушниот колонијализам“ на Холандија, како што тој се изразил во епилогот на својата книга Југ – Југозапад (1926).

„Ние робовите од Суринам“ претставува радикално пренапишување на историјата на Суринам, за првпат целосно преточена од перспектива на црнечко селанче. Неверојатна е неговата храброст, дух и упорност во остварување на ова дело, бидејќи тој морал од сосема поинаква перспектива да го прегледа речиси секое поглавје од холандската колонијална историја. Се разбира, тој ја засновал својата книга на претходната историографија на Суринам, но Де Ком ги менува улогите: водачите на бунтовните робови не се безимени бандити, туку херои и примери чии имиња можат гордо да се споменат. Тој е жесток критичар на вековната експлоатација на Африканците кои биле принудени на безнадежна егзистенција, тортури и измачувања во фабриките за шеќер и на плантажите. Тој потоа, исто така, истакнува дека по укинувањето на ропството, азиските работници кои биле намамени од Кина, Индија и Индонезија станале жртви на системот со одвај подобра позиција од онаа на робовите.

„Ние робовите од Суринам“ од Антон де Ком е книжевно ремек-дело, лична и општа историографија, како и жестоко обвинение кон расизмот и експлоатацијата.

Книгата може да се најде во интернет-книжарницата kupikniga.mk како и во книжарниците на „Или-или“, „Антолог“ и „Полица“ во центарот на Скопје.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска