рамско читање, со наслов „Ние нешто пропуштаме“ во режија на Драгана Стојчевска, а според текстот на Горјан Милошевски ќе се одржи вечерва во 22 часот во „Дамар“.
„Ние нешто пропуштаме“ отворено и директно зборува за тоа како театарџиите, а со тоа и уметниците се спремни добро да се продадат, да ги конформираат своите желби и амбиции само за да дојдат до фонд за реализација на проекти.
Во оваа едночинка, еден продуцент, една актерка, еден режисер и човек кој работи и трча за сè, текстови, реквизити, суфлирање, кој буквално е потрчко и рамо за викање, полека се губат во безидејност и френетичност за да се допаднат на една американска фондација.
Гледаме како еден мал театар сака да ги изигра своите идеали, својата автентичност за да ги усвои и да ги работи темите кои се од интерес на потенцијалните спонзори.