ВИДЕО: Театарот расте – 2 години „Театра“

Од:

Под мотото „Театарот расте“, независниот театар Театра, вчера во кафулето „Дамар“ го прослави своето двегодишно постоење.

Во текот на овие две години на македонската театарска сцена тие продуцираа три театарски претстави „Мизантроп“, „Звукот на коските што се кршат“ и „Хауситери“, а воведоа и свежина во радио етерот со двете радио драми „Пеперутка“ и „Случајно“.

Освен ова Театра претстави и нова форма на театарски израз, а тоа е трансмедијалната претстава „Привид“, која се изведува на три медиуми. Овие бројни проекти го издвојуваат овој релативно млад независен театар како еден од ретките театри со своја континуирана продукција.

teatra (2)

teatra (11)

„Денеска прославуваме две години работење во вон институционален театар“, изјави Марија Зафирова, продуцент на Театра.

teatra (10)

Наташа Петровиќ, која е актерка во Театра уште од самото основање на театарот, вели дека убавината во нивната работа е што имаат слобода јасно, гласно, отворено и најискрено да ги искажуваат своите ставови и да го работат она што најмногу сакаат да го работат, а под мотото „Секаде театар“, колективно го остваруваат тоа.

teatra (8)

„Театра не застанува овде“, порача Марија Зафирова.

Таа најави дека ќе продолжат да работат на проектот „Секаде театар“, а веќе од наредната среда во кафулето „Дамар“ започнуваат серија на настани со драмски читања.

teatra (3)

Радио драмите ќе продолжат со својот континуитет, но ќе можат и во живо да се следат од „Дамар“.

teatra (14)

Зафирова најави дека во наредниов период ќе се посветат на промоција на млади македонски автори и авторки кои ќе читаат нови, свежи и досега не објавени текстови.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

„Ние не­што про­пу­шта­ме“ вечерва во „Дамар“

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Перформанс на Театра: Слободен препев на македонски поп песни

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: „Привид“ радио-сценско доживување на три медиуми

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Театра“ прославува две години

Емир Латифовиќ