„Недоразбирање“ – премиера на Кумановскиот театар

Од:

Кумановскиот театар вечер од 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Недоразбирање“ од Албер Ками, во режија на Драгана Таневска.

Се работи за семејна драма за индивидувалните желби на поединци и нивното влијание врз хармонијата во семејството, во кое се следи загубената човечност поради загубена љубов, борбата за соништата и идеалите, бришењето на моралните граници.

– Ова е претстава која му се обраќа на модерниот човек, кој во трка да ги исполни своите желби заборава на суштината. Претставата има убава енергија, јас сум многу задоволна од процесот, а тоа ќе го види и публиката, изјави режисерката Таневска.

Во претставата играат актерите Александра Михајловска, Кети Дончевска-Илиќ, Никола Наковски, Сања Русеска и Марко Трајковиќ.

По вечерашнава премиера, претставата репризно ќе биде изведена утре и задутре од 20 часот.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“