„Недела на шпански филм“ во битолскиот Центар за култура

Од:

НУ Центар за култура во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија и Кинотека на Северна Македонија од денеска до 28 октомври организираат „Недела на шпански филм“.

Културната манифестација за филмофилите почнува вечер со свечено отворање во 20 часот во малата сала на Центарот за култура и проекција на документарниот филм „Омега“.

-Станува збор за музички документарец за албум со песни во кои се испреплетени панк-рок музиката на шпанскиот бенд Лагартија Ник, стиховите и музиката на Леонард Коен (1934 – 2016), стиховите Лорка (1899 – 1936), трагичниот поет и јунак на Шпанската граѓанска војна, со гласот на легендата на фламенкото Енрике Моренте (1942 – 2010), најавија од секторот за односи со јавност на НУ Центар за култура-Битола.

Во рамките на „Неделата на шпански филм“ ќе бидат прикажани филмовите „Духот на пчелната кошница“, „Девет писма за Берта“, „Национално наследство“, „Ракетата од Калабуч“, „Матахарис“ и „Невините светци“.

Кинопроекциите се бесплатни и ќе се реализираат во согласнот со мерките за Ковид, а бројот на места во салата е ограничен согласно протокол, посочуваат од НУ Центар за култура-Битола.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ