Недела на француски филм отвора со „Далеку од луѓето“ на Оелхофен

Од:

Со проекцијата на филмот „Далеку од луѓето“ на Давид Оелхофен во кино Милениум на 11 во Скопје ќе биде отворена Неделата на францускиот филм.

Како што информира на денешната прес-конференција Изабел Марки-Барбо, директор на Францускиот институт во Скопје годинава фокусот на оваа манифестација, која ја реализираат во соработка со Младинскиот културен центар е ставен на актуелни настани, а ја отвора филм од најнова француска продукција чија премиера беше во јануари, месец.

Дел од програмата се и филмовите „За боговите и луѓето“ на Гзавие Бовоа, кој има освоено Гран при на Канскиот филмски фестивал, како и „Добредојде“ на Филип Лиоре, кој е прогласен за најдобар филм во 2009 година според француската публика, а имаше и десет номинации за престижната француска филмска награда „Цезар“ за 2009 година. Во неделата на францускиот филм  последна ќе биде прикажана најдобрата комедија за 2012 година во Франција, „Искрени пријателства“ на Стефан Аршинар. Оваа филмска манифестација ќе биде збогатена со кафе дебата на тема „Слобода на уметничкото изразување“ насловена „Филмот алатка за сонување или огледало на реалноста“ на која ќе учествува и амбасадорката на Франција во Македонија Лоранс Оер. Како дел од активностите на Францускиот институт во Скопје на 26 февруари во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан филмот „Убавицата и Себастијан“ од Никола Вание во рамки на Францускиот кино клуб.

Директорката на Францускиот институт Марки-Барбо денеска ја презентира и програмата за 2015 година на Институтот, кој е најстара странска културна институција во Македонија, а  која, како што нагласи, ќе биде богата и разнолика со многу изненадувања. Покрај филмската недела и традиционалното осмо издание на Фестивалот на француски филм кој ќе се одржи во јуни во соработка со Министерството за култура на Македонија ќе бидат  организирани и настани од сферата на дизајнот, модата, современата уметност, историското наследство…

Така во месец март кој е месец на Франкофонијата покрај дегустација на француска гастрономија  се предвидуваат и предавања на тема за Прватка светска војна, аматерски турнир на затворено во ракомет, тематски часови по француски јазик на тема спорт, а централниот настан ќе биде маратонот во Скопје кој ќе се одржи на 21 март. На маратонот може да учествуваат сите заинтересиранаи граѓани. Маршутата ќе биде во должина од 4 километри и ќе почнува од Порта Македонија, а ќе завршува пред Сити Мол.

Месец април ќе го одбележи  отворањето на изложба на значајни дела на француски сликари застапени во постојаната колекција на Музејот на современа уметност во Скопје, како и двојазичен македонско француски каталог за таа колекција.

Во соработка со Македонскиот народен театар годинава во Македонија ќе гостува и француска театарска група.

– Францускиот институт е место и за дебати,за дискусии и размена на идеи па во таа насока предвидени се и дебати за актуелни општествени прашања како што се слободата  на изразување – тема која е важна за цел свет, националното помирување и заштита на животната средина, која ќе биде во склоп на меѓународната конференција за климатски промени КОП 21 чиј домаќин ќе биде Париз, рече  Марки-Барбо.

Покрај редовните активности во насока на промовирање и засилување на изучување на францускиот јазик во училиштата и воопшто на франкофонијата, годинава Францускиот институт ќе понуди и нова алатка за студентите  кои сакаат да ги продолжат студиите во Франција „Учење француски на растојание“.

Инаку, билетите за филмот „Далеку од луѓето“ со кој ќе започне Неделата на францускиот филм во кино Милениум се бесплани и треба да бидат набавени од просториите на Францускиот институт. За останатите проекции кои ќе се одржат во киното Фросина во МКЦ билетите ќе бидат со симболична цена.

 

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он