Недела на бугарски документарни филмови од 21 до 27 јуни во Кинотека

Од:

Од 21 до 27 јуни во Кинотеката ќе се одржи Неделата на бугарски документарни филмови. Во седумте вечери посветени на авторите од новиот документаристички бран на бугарската кинематографија, како и класичните автори, ќе бидат прикажани десет краткометражни и долгометражни наслови.

Како што најавија од Кинотека, Станислав Дончев, Јордан Тодоров, Борислав Колев, Андреј Паунов, Светослав Стојанов, Коста Биков, Тонислав Христов, Елдора Трајкова, Панчо Цанков и Анри Кулев се авторите на филмовите од оваа селекција.

Продуцентката Мартичка Божилова, сценаристката Петја Александрова и филмскиот критичар и историчар на филмот Росен Спасов ќе бидат гости на оваа кинотечна програма и публиката ќе има можност да разговара со нив по проекциите на филмовите.

Според програмата, на 21 јуни, во среда, ќе се одржи проекција на филмот „Стражарите на нашата совест“, во режија на Станислав Дончев, а по сценарио на Петја Александрова и Теодора Стоилова-Дончева. По завршување на филмот, Петја Александрова ќе ја промовира книгата „Бугарскиот посттоталитарен документарен филм“ на Теодора Стоилова – Дончева.

Следниот ден, во четврток ќе биде прикажан документарниот филм „Сонувам музика“, во режија на Анри Кулев а по сценарио на Борис Христов. Потоа, следува проекција на филмовите „Есенски“, во режија на Панчо Цанков, а сценарио на Панчо Цанков, како и „За луѓето и мечките“, во режија на Елдора Трајкова, а сценарио на Асен Владимиров.

Во петокот, на 23 јуни ќе биде прикажан филмот „Тато снима мрсни филмови“ во режија на Јордан Тодоров а сценарио на Јордан Тодоров, како и филмот „Стоичков“ во режија и сценарио на Борислав Колев.

На 24 јуни во сабота ќе се одржи проекција на „Проблемот со комарците и други истории“ во режија на Андреј Паунов а сценарио на Лилија Топузова. Следниот ден, 25 јуни ќе биде прикажан филмот „Последните пирати од црното море“ во режија на Светослав Стојанов, а сценарио на Вања Рајнова.

На 26 јуни предвидено е да се одржи проекција на филмот „Граѓанинот филм“ во режија и сценарио на Коста Биков, а на 27 јуни ќе биде прикажан филмот „Добриот поштар“. Режисер на филмот е Тонислав Христов, кој исто така се потпишува на сценариото заедно со Љубомир Цветков.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ