На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ денеска и утре ќе се одржува 9. Научен собир на млади македонисти – Конференција во чест на Лилјана Минова – Ѓуркова.
На собирот над 30 млади научници од земјава и странство ќе се претстават со свои реферати, а по официјалното отворање ќе бидат промовирани зборниците од Седмиот и Осмиот собир.
Првиот научен собир се одржа на 20 и 21 мај 1993 година на иницијатива на проф. д-р Лилјана Минова – Ѓуркова од Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Основниот концепт на собирот беше тој да претставува научна средба на млади научни работници чија прва или втора специјалнмост е македонскиот јазик. На досегашните собири учествувале над 350 млади научници.