Научен симпозиум „Чехов на сцените во Македонија 1945-2020“ ќе биде одржан денеска и утре во Скопје.
Симпозиуомот го организира д-р Нелко Нелковски, режисер и театролог, а целта е да го истражи присуството на сценските-уметнички дела подготвени по дела на Чехов, да ги интерпретира и да го истражи нивното влијание врз вкупната сценска уметност во нашата земја.
Симпозиумот ќе се одржи комбинирано, во живо, во Кинотеката на РСМ и онлајн, а ќе учествуваат истражувачи од земјава и од регионот. Симпозиумот е поддржан од Министерството за култура.