Наташа Сарџоска ќе гостува на поетскиот фестивал „Поетски портрети“ во Рим

Од:

 Македонската поетеса, писателка, преведувач и антрополог Наташа Сарџоска по објавата на поетската книга „Живо месо“, поетски избор на шпански јазик во авто-превод во Мексико за издавачката куќа „Охед“, денеска ќе гостува во Рим на големиот поетски фестивал „Поетски портрети“.

Сарџоска ќе настапи со песни објавени во италијанското издание на поетската книга „Крстна коска“ кај издавачот „Интерно Поезија“, а своите песни ќе ги чита на македонски јазик. Поетската манифестација се одржува во големиот Аудиториум Кончилијационе во близина на Базиликата Свети Петар, а ќе биде во целост покриен од италијанската радио-телевизија „РАИ Култура“ и е под покровителство на Фондационе Рома.

Сарџоска е прва македонска поетеса поканета на овој свечен меѓународен поетски фестивал кој оваа година се одржува по шеснаесетти пат и на кој ќе учествуваат поети од Италија, Шпанија, САД, Кина, Аргентина, Иран, Велика Британија, Шведска, Естонија и Грција.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот