Настап на деца-танчари на „Танц фест“

Од:

Фестивалот на современ танц „Танц фест“ денеска напладне на сцената „Зебра“ ќе ја прикаже програмата „Инкубатор флоатинг“ во која учествуваат деца танчари од осум до 12 години.

– Ова е прв проект од овој вид кај нас, во кој студентите од Новиот танцов центар од Хаг, Холандија, пред нашата публика ќе ги претстават нивните креации. Ќе имаме отворена програма во која ќе настапат гостите од Холандија и децата од РИЦ центарот од Скопје, соопшти „Танц фест“.

На 16 април „Инкубатор флоатинг“ ќе продолжи на отворено, во комплексот Македонско село, каде што ќе бидат презентирани повеќе кратки кореографии на Џоан ван дер Маст од Холандија и на Матеа Киселичка. Програмата ќе продолжи во јуни, кога децата од РИЦ ќе гостуваат во Хаг.

Би можело да ве интересира

Со програмата „Паралели“ почнува 20. Танц-фест Скопје 2024

„Леди Магбет“ на Рисимкин вечер на сцената на театарот „Камплој“ во Верона

„Танц фест 2023“ завршува со претставата „Одења и слични кореографски решенија“

Ана Ололовска

Далас Блек танцовата компанија од САД вечер на Танц фест

Ана Ололовска

Скапино балет Ротердам и „Убавите жени“ за затворањето на „Танц Фест Скопје 2021“

Почнува „Танц фест Скопје 2021“ под мотото „Украдени движења“

Ана Ололовска