Младинскиот женски хор на КУД „Стив Наумов“-Битола настапи на меѓународен фестивал на младински женски хорови во бугарскиот град Трговиште.
Раководителот на хоровите при КУД „Стив Наумов“-Битола Љубомир Трифуновски, по враќањето во Битола, рече дека годинава фестивалот во Трговиште прославил мал јубилеј, 10 години од почетокот на меѓународниот собир на младински женски хорови од Европа.
– Младинскиот женски хор при КУД „Стив Наумов“-Битола во трговиште приреди два концерти. Според фестивалската програма, хоровите од повеќе европски држави имаа задача да изведат посебна и ревијална програма. Критиката за настапот на нашиот младински женски хор беше одлична, а добивме и диплома за одлична изведба на хорски композиции од автори во светот, но и македонските автори Скаловски и Атанас Бадев, како и избрана духовна музика, изјави Трифуновски.
Хоровите на КУД „Стив Наумов“-Битола наскоро ќе гостуваат во Ајачио на францускиот остров Корзика.