Народниот театар во Охрид цела сезона не е во функција

Од:

Народниот театар во Охрид не ја започна сезоната со претстави која обично почнува во септември. Иако беше најавена претставата „Сон на летната ноќ“ во ноември, таа тогаш се откажа заради како што наведоа тогаш, технички причини и до сега нема ниту трага ниту глас од охридскиот народен театар.

Охридската публика која минатитедве години се навикна на претставите на театарот и создаде еден континуитет, оваа сезона не ја имаше таа можност да ужива во претставите, а во Центарот за култура во Охрид столчињата останаа празни.

Директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“во Охрид, Драгана Боцеска не можеше да каже детали зошто театарот не е во функција цела сезона само нагласи дека се спремала нова премиера.

За театарот можам да ви кажам дека сега спремаат нова претстава „На дното“ за која премиерата треба наскоро да биде, односно овој месец. Единствено тоа можам да ви го кажам. За други информации ќе се слушнете со раководителот на театарот Горан Стојаноски. Јас друго повеќе не можам да ве информирам – истакна за А1ОН директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, Драгана Боцеска.

А1ОН се обиде да стапи во контакт и со раководителот на Народниот  театар во Охрид, Горан Стојаноски, но тој не одговори на нашите повици иако претходно најави дека ќе даде изјава.

Министерката на култура Елизабета Канчевска Милевска во 2011 година заедно со тогашните пратеници на ВМРО – ДПМНЕ со гордост го најавија формирањето на Охридскиот народен театар и потенцираа дека формирањето на професионален театар во Охрид има историска димензија не само за граѓаните и тимот актери, туку и за сите вљубеници во театарот. Еве веќе една сезона токму тој театар не функционира, а има неколку вработени во него кои земаат плата на грбот на граѓаните.

Ф.Ј.

 

 

Би можело да ве интересира

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Предраг Петровиќ

„Галеб“ од Чехов премиерно во битолскиот театар

Предраг Петровиќ

Тетовски актери наградени за најдобра машка и најдобра женска улога на затворањето на „Фестивалот на фестивалите“ во Требиње

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Премиера на претставата „Океанија“ покрај струшкото крајбрежје

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“