Пред бројната публика синоќа во амфитеатарот во древниот Стоби настапија актерите од Народниот театар од Суботица, од Република Србија кои ја изведоа претстата „Жени во народното собрание“ од Аристофан, а во режија на Никола Завишиќ.
Режисерот Никола Завишиќ изјави дека ова им е прва изведба на претставата на отворена сцена и оти тој е воодушевен од Стоби и публиката.
– Оваа за мене е најдобра изведба на оваа претстава на овој простор во Стоби, Аристофан навистина почна да биде Аристофан и се случи она што ние од самиот почеток сакавме да се случи. Се случи искуство и спој на публиката со претставата и на некој начин античката комедија оживеа на интересен начин.Не знаев ништо за Стоби па разгледав по интернет и малку се исплашив од амбиентот, затоа што не е лесно во исполнет амфитеатар да продрете и да искомуницирате, но на крај јас сум пресреќен, појасни режисерот Завишиќ.
На прашањето дали очекува награда Зивишоќ и незнаејќи дека претставата се игра за награда мошне скромно ни одговори-тоа што очекував веќе се случи, а тоа е одличната комуникација со луѓето.
Актерката Татјана Матеша која ја играше улогата на Праксагора по претставата изјави дека Стоби е фантастично место, а таа никогаш не била на вакво археолошко наоѓалиште кое носи своја приказна и енергија, а овде луѓето реагираа токму така како што очекувавме.
Фестивалот продолжува во среда вечер на 17-ти јули со претставата „Евридика“ во изведба на Драмскиот театар од Скопје, а во режија на Нина Николиќ. Тоа е третата и последна претстава од вкупно четири која е во конкуренција на наградите на фетсивалот во Стоби, за најдобра женска и машка улога,најдобра режија и најдобра претстава.