Најавени 20 поети на меѓународниот онлајн поетски фестивал „United World of Poetry“

Од:

Трето изданиe на меѓународниот онлајн поетски фестивал„United World of Poetry чиј организатор е македонскиот поет од Велес Игор Крајчев ќе се одржи вечер со почеток во 19 часот на You Tube каналот. Најавено е учество на 20 поети од 17 држави во светот.

–Mеѓу поетите, различните јазици не се пречка на комуникација, затоа што го зборуваат јазикот на поезијат, потенцира Крајчев.

Свои стихови ќе читаат и големиот поет Хусто Хорхе Падрон од Шпанија, добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, поетот-лауреат на Сомервил и универзитетски професор на Универзитетот Масачусетс – Лојд Шварц од САД, потоа, една од најистакнатите македонски поетеси, академик Катица Ќулавкова, универзитетскиот професор на државниот универзитет UNIOESTE во Бразил – Антонио Доницети да Круз, професорот на универзитетот Линчубург во Вирџинија – Педро Лареа, САД/Шпанија, поетот-лауреат на Хардевијк, Холандија – Герт Зомер, еден од најдобрите британски перформанс поети, според весникот „Гардијан“ – Марк Гвејн Џонс.

Најавено е учество и на младата хрватска поетеса Моника Херцег, добитничка на „Мостови на Струга“ за 2019 година на Струшките вечери на поезијата, познатиот руски поет и голем пријател на Македонија – Сергеј Главјук и многу други автори.

-Фестивалот „United World of Poetry“ полека станува препознатлив кај голем број поетски имиња во светот, и се етаблира како значаен поетски бренд, уште еднаш ги обедини сите светски континенти и ги измеша светските јазици во еден убав поетски колаж, потенцира Крајчев.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот