Наградата „Прозарт“ врачена на српската писателка и режисерка Вида Огњеновиќ

Од:

Третиот Меѓународен литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ синоќа во Даут-пашин амам заврши со врачување на фестивалската награда „Прозарт“ на српската писателка и режисерка Вида Огњеновиќ. Наградата се доделува за придонес во  развојот на современата балканската книжевност.

– Балканот, тој наш културен регион, тој разновиден сплет од секакви модификации, од митски до историски, е поле на моето книжевно истражување, традициска подлога на моите приказни, инспирација за моите јазични игри, поднебје на недоумици, успеси и загуби на моите јунаци кои најдобро ги познавам, истакна Огњеновиќ зборувајќи за своето гледање на Балканот и балканската литература.

Таа заклучи дека е тешко и можеби невозможно да се биде писател во овој дел од светот, а да не се биде балкански писател. – Оваа награда ја сметам за членска карта за прием во тоа големо братство, рече Огњеновиќ, која им се заблагодари на преведувачите кои нејзините книги ги превеле на речиси сите балкански јазици и на издавачите што нив ги објавиле.

Одлуката за наградата ја донесе Уметничкиот совет на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“, кој го организираше издавачката куќа „Икона“.

Фото МИА

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска