Големиот шпански и светски поет Хусто Хорхе Падрон е добитник на годинашната Европската награда за поезија „Ацо Караманов“, соопштија денеска од Организациониот одбор на Карамановите средби, кои ќе се одржат од 22 до 24 ноември во Радовиш.
Делото на Падрон ќе го претстави познатата македонска писателка и критичар, професор д-р Кристина Николовска.
Организационит одбор одлучи Балканската награда за поезија „Ацо Караманов“ да ја добие хрватскиот поет Валерио Орлиќ за поетската книга „Обележувам ѕвезди“, а наградата за најдобра книга од македонски автор и е доделена на Даниела Андоновска Трајковска за книгата „Електронска крв“.
Карамановите средби оваа година се организираат во знакот на големиот јубилеј „1000 години Радовиш“, а во рамките на манифестацијата ќе се одржат и повеќе промоции на литературни дела, изложба и музички претставувања.