Во ЕУ Инфо центарот денеска ќе бидат објавени добитните на првата награда за најдобар млад преведувач „Вавилон“, од конкурсот во организација на Делегацијата на ЕУ и Здружението на преведувачи МАТА.
Целта на конкурсот е да ги поддржи младите преведувачи, како и да поттикне врвен квалитет при преведување литературни дела. Конкурсот беше отворен за млади преведувачи, не постари од 26 години, а пријавите требаше да бидат преводи на литературни дела од кој било од 24-те службени јазици на ЕУ кои се зборуваат во земјата.
Најдобрите преведувачи за секој од јазиците за кои пристигнале пријави ќе добијат парична награда (500 евра), годишно членство во Здружението на преведувачи МАТА и објавување на преводот во списанието „Културен живот“.
Конкурсот со критериумите за наградата млад преведувач „Вавилон“ 2015 ќе биде објавен на почетокот на декември.