Награда на „Театар 007“ на Фестивал во Минск

Од:

Независната продукција „Театар 007“ на Интернационалниот фестивал „Театрален куфер“ што се одржа во Минск, ја освои Специјалната награда од интернационалното жири за најдобра претстава со невербална комуникација. Наградата ја доби  за претставата „Игра“, работена според расказите на Данил Хармс, во режија на Игор Ивковиќ.

– Со аплаузи на отворена сцена и стоечки овации беше поздравена изведбата на претставата „Игра“, на десетото издание од  фестивалот „Театрален куфер“. Не само интернационалното жири, туку и публиката, беше презадоволна од претставата која е своевиден  револт за сите политизирања на театарот, претстава во која се иронизира, исмејува и пародизира се што значи „локално“, „мое“, наспроти „глобално“ и „наше заедничко живеење исполеното со игра“, вели Миодраг Костиќ, продуцент на „Театар 007“.

Во претставата играат: Дарко Вељиќ, Фаик Мефаилоски, Катерина Петровска, Влатко Толески, Јана Пауновска, Анастасија Ашкилова, Дарко Богески и Весна Пановска.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање