Награда „Крсте Чачански“ за Добре Тодоровски

Од:

Добре Тодоровски за збирката раскази „Помен за едно време“ е годинашен добитник на наградата „Крсте Чачански“, по конкурсот што по петти пат го распиша Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга.

Жирито во состав: Марина Мијаковска (претседател), Мишо Китаноски и Тоде Илиевски (членови) по разгледувањето на пристигнатите ракописи, го избра делото на Тодоровски поради неговиот придонес во збогатувањето на македонската книжевност.

– Расказите се во елигичните бои на минливоста. Тие претставуваат исечоци од интимниот дневник на писателот и носат изворни белези, соопшти жирито. Наградената книга ќе биде промовирана на 3 јули во Струга.

Добре Тодоровски е автор на романи и збирки раскази. Тој е потпретседател на Македонското научно друштво – Битола.

Досегашни добитници на наградата „Крсте Чачански“ се Христо Петрески, Милован Стефановски, Петре Димовски и Марина Мијаковска.

 

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска