Награда „Даница Ручигај“ за Елена Пренџова

Од:

Поетесата Елена Пренџова е добитничка на наградата „Даница Ручигај“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за најдобра стихозбирка од авторка, членка на македонската писателска асоцијација. Наградата и е доделена за стихозбирката „Полтички коректна“, објавена од „Матица македонска“.

Наградата се состои од плакета и таа ќе биде врачена во јуни, на посебна свеченост во Друштвото на писателите на Македонија.

Селекторот за доделување на наградата „Даница Ручигај“, поетот и литературен критичар Санде Стојчевски, во образложението пишува: „Творечките особености и квалитети во новата поетска книга на Елена Пренџова ја зацврстуваат оваа суптилна и бескомпромисна поетеса во редот на најосведочените лиричарки што ја красат нашата поезија, од кои едно од првите места и припаѓа на незаборавната Даница Ручигај“.

– Доделувањето на наградата е дел од активностите на Клубот на писателките, членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај. Признанието годинава се доделува првпат, соопшти ДПМ.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска