Марина Мијаковска за поетскиот ракопис „Постела на тишината“ ја доби наградата „Бели мугри“ за книга од млад автор до 35-годишна возраст, која по седми пат ја додели Домот на култура „Кочо Рацин“-Скопје.
Одлуката за избор ја донесе жири во состав: Бранко Цветкоски (претседател), Џабир Ахмети и Јованка Христовска (членови).
Книгата ќе биде промовирана на 22 декември во рамки на традиционалната манифестација „Денови“, која установата ја организира во чест на раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин.